Учител препливува река да стигне на работа (видео)
Секој работен ден во девет наутро Индиецот Абдул Малик ја соблекува облеката, става гума за пливање, и со вреќата над глава, која ја носи во рацете влегува во матната вода на реката, која ја поминува за да стигне на работа во основното училиште
Четириесетгодишниот учител веќе 20 години работи во ова училиште во село на југот на Индија. Местото во кое живее е оддалечено 12 километри од училиштето, а превозот е скап и несигурен. Преку реката му требаат 15 минути да стигне до работа, а со тоа штеди и пари поради скапиот превоз.- Ако одам со автобус ми требаат три часа да стигнам , а со пливањето преку реката е поедноставно. Барем секогаш стигнувам на време, вели тој.Просечната плата на учител изнесува околу 25.000 рупии или 300 евра месечно.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment