Учебната година во Долно Српци започна со протести
Жителите на пелагониските села Долно Српци и Беранци на првиот ден од новата училишна година побараа нова училишна зграда на местото на локалното основно подрачно училиште „Кочо Рацин”, кое беше опожарено во февруари годинава.
Со вакво барање родителите и учениците во понеделникот се собраа пред старото училиште, откако претходно учениците ја започнаа наставата која сега се изведува во административни простории во центарот на селото.
„Сакаме училиште!“ Вака извикуваа учениците од пелагониските села Долно Српци и Беранци каде новата учебна година започна со протести. Жителите и учениците протестираа барајќи да се реновира училиштето кое изгоре во пожар во февруари годинава во село Долно Српци. Протестите ќе траат и следните денови, по два часа дневно, но бојкот на наставата нема да има. Во меѓувреме, учениците ќе учат во селска заграда во импрповизирани школи услови.
„Нема никакви услови, нема ни тоалет, ни вода, штиците се дотраени и пред кршење“, рече ученичката Сара Ристовска.
„Нема да останеме мирни додека некој не се осврне да ги види нашите барања”, вели Оливер Ристевски, претседател на родителски совет.
„Ако може во Мариово за две деца да се прави училиште, зошто овде да остане вака”, смета родителот Трајче Вељанчевски.
Родителите велат дека сé додека не добијат цврсто уверување од Министерството за образование дека училиштето ќе биде реновирано, секојдневно по два часа ќе излегуваат на мирен протест.
Од Општина Могила велат дека бараната документација за реконструкција на училиштето е доставена до Министерството за образование.
„Нас ни е кажано како општина дека проектот и сите други работи околу училиштето, како и самата постапка ќе ја врши Министерството за образование. Ако се откажат тие, значи дека нема да ја тераат постапката за училиштето, тогаш како општина ќе бидеме приморани да размислуваме што можеме да направиме. По секоја цена, како општина мора да најдеме сили да го изградиме ова училиште”, рече градоначалникот на Могила, Стево Пивковски
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment