MKDNews.com

Убиен водач на секта- јадел луѓе, силувал жени и убивал девојчиња

септември 02
17:56 2013

zivi-lugjeЗлогласниот водач на култот „Црниот Исус“, Стивен Тари бил убиен во Гал, зафрленото село во кое живеел во Папуа, Нова Гвинеја.

Според извештајот на полицијата во Маданг, Тари го убиле селаните од селото, откако тој и еден негов следбеник во сектата со измама донеле две жени и ги нападнале. Селаните од Гал ги опколиле и двајцата и со ножеви ги распарчиле нивните тела.

Полицијата се уште истражува дали Тара ја нападнал втората жена откако веќе била убиена нејзината пријателка.

Светот за него дозна во 2010 година, кога тој беше осуден на затвор заради силување на една девојка од неговата секта. Медиумите тогаш објавија дека во текот на истрагата за силување се открило дека тој бил и канибал, но за тоа не му било судено. Имал 48 години и бил „вечен“ студентна на теологија. Во март, тој избегал од затворот во Маданг.

Кога ја основал својата секта „Црниот Исус“, тврдел дека е следбеник на вистинскиот Исус и им ветувал на своите следбеници богатство и откуп. Девојките и жените кои станувале дел од сектата биле негови сексуални робинки.

koski-630x354

black-jesus

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.