Уапсени главните дизајнери на HTC за измама и кражба
Главните дизајнери на HTC во петокот бил уапсени во Тајпеј, Тајван од страна на Истражното биро за криминал, откако биле пријавени за измама, кражба на документи и деловни и индустриски тајни на компанијата HTC.
Меѓу уапсените е и главниот дизајнер Џастин Хуанг кој работеше на HTC One, како и други дизајнери и шефови на одделот за дизајн. Нивната цел била да формираат сопствена компанија во Кина, а го оштетиле HTC со кражба на фајлови во кои е содржан изгледот на сеуште необјавениот кориснички интерфејс HTC Sense 6.0.
Покрај кражбата на документи и фајлови, групата ја оштетила компанијата HTC за околу 350.000 долари за наводни дополнителни трошоци за работа. HTC во соопштение побара вработените да ги почитуваат етичките кодекси и да ги чуваат деловните, индустриските и интелектуалните тајни. Во однос на пребегнатата група HTC остава да решаваат правосудните органи без дополнителен коментар за состојбата во компанијата.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment