MKDNews.com

Уапсен екс судијата, дедото на малата Александра, девојчето никаде го нема

септември 04
22:32 2013

Утрово поранешниот судија на Врховниот суд на Македонија Александар Бошњаковски, кој своеволно ја држеше Александра и не ја даваше на мајката, старател на девојчето со судска одлука, доби 30 дена притвор.

Тој и покрај судската одлука не ја враќаше Александра кај нејзината мајка. Притвор во отсуство добил и еден од неговите синови. Шестгодишното девојче повеќе од две години не е со својата мајка и покрај судските пресуди. МВР поднесе 4 кривични пријави за одземање на малолетник и запуштање на дете.

aleksandra-B

Александра

Полицијата утрово изврши претрес во три стана, каде што се сомневаше дека може да биде девојчето, но малата Александра се уште не е пронајдена. Бошњаковски не открива каде е девојчето. Тој минатиот месец неколкупати даде изјави дека знае каде е девојчето, но дека не дозволува мајката да биде со својата ќерка се додека не се решеле некои административни проблеми.

Членовите на семејството Бошњаковски ќе одговараат и за запуштање на детето затоа што не дозволиле девојчето да појде во училиште.

За случајот беа информирани и голем број на домашни и меѓународни организации за правата на децата. Останува да се најде девојчето и да се врати кај законскиот старател.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment