MKDNews.com

Турската полиција употреби солзавец и водени топови врз демонстранти во Хатај

септември 15
14:29 2013

Турската полиција интервенирала доцна синиќа со солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите во градот Хатај во Јужна Турција, кои протестираа по повод смртта на 22-годишниот демонстрант Ахмет Атакан за време на протестен митинг на 10 септември.

Демонстрантите издигнале барикади, кои ги запалиле. Полицијата употребила солзавец и водени топови за да ги растера, по што тие се разбегале по блиските улици. Демонстрантите фрлале камења и петарди врз полицајците.

Во градот Коџаели, во Северозападна Турција, демонстранти организираа протестен митинг и извикуваа пароли „Нема да ги предадеме улиците на убијците“.

Целта на демонстрантите е да стигнат пеш до плоштадот Таксим во Истанбул. За време на протестот не дошло до судири со полицијата.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.