MKDNews.com

Турбулентни времиња за косовскиот “Челичен командант“

септември 22
20:43 2013

Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово, Фатмир Лимај, влезе во политиката кога заврши конфликтот од 90-тите години, но, на неговата кариера сенка фрлија обвинувањата за воени злосторства и за корупција.
Limaj142-годишниот Лимај е роден во селото Бања, во близина на Малишеве, централно Косово, а неговата кариера во политиката започна кога тој стана член на еден навивачки фудбалски клуб во главниот град на Косово, каде што неговото семејство се пресели во 1979 година.

Животот, од фудбалскиот стадион го пренесе на бојното поле, оттаму во парламентот, па во судницата, каде што поранешниот герилски командант, на своето последно судење што се одржа во вторник, беше ослободен од обвиненијата.
Уште во средно училиште, со зголемување на етничките и на политичките тензии низ цела поранешна Југославија, Лимај е сведок на сегрегација меѓу албанските и српските ученици во училиштата во Приштина.

Ова го инспирира да се вклучи во еден навивачки фудбалски клуб наречен Плисат, име добиено од називот на традиционалната капа што ја носат косовските Албанци, кој организира мали протести на натпреварите, едно од ретките места каде што во тоа време дисидентите можеле да се изразат.

„Тоа беа времиња кога Албанците што носеа плис беа тепани и малтретирани на улица од страна на српската полиција“, изјави Лимај.

Како што српскиот режим на Слободан Милошевиќ го засилува насилството против косовските Албанци, Лимај, кој во тоа време ги завршил правните студии на Приштинскиот факултет, решил дека е време да дејствува порешително против репресијата.

Во летото 1996 година, тој и дел од неговите пријатели од факултет, се собрале заедно со некои политички активисти во неговиот стан во главниот град, меѓу нив и сегашниот лидер на националистичкото движењето Самоопределување (Ветевендосје), пратеникот Реџеп Селими, каде што решава да стане активен член на Ослободителната војска на Косово.

ОВК тогаш главно беше фокусирана на нејзино организирање низ Косово и на набавка на оружје.
Строго на бојното поле

Станот на Лимај бил меѓу неколкуте наводни тајни ОВК бази, во кој српската полиција извршила рација по смртта на борецот на ОВК, Захир Пајазити, во 1997 година.

По апсењето на неговиот брат Демир, Лимај бега во Швајцарија. Се враќа во март 1998 и им се придружува на околу 30 други борци во Ликовац, од општина Скендерај/Србица.

Лимај, кој во една пригода бил ранет и сѐ уште не го отстранил куршумот што се наоѓа во неговата лева рака, бил познат како тежок и дисциплиниран командант.

„Јас нема да дозволам ниту еден старешина, ниту војник да биде над правилата и дисциплината во ОВК“, изјавил тој на 21 мај 1999 година, пред стотици војници собрани во селото Елшан, западно Косово.

Помалку познато е дека неговиот прекар, “Командант челик“, всушност доаѓа од името на тајната радио врска што ОВК ја користела за комуникација со своите борци, додека сѐ уште се организирала.

Лимај, како борец на фронтот, добил телефонски повик кој му најавил дека е назначен за заменик министер за одбрана во бунтовничката влада, тело кое делува во сенка, формирана од човекот кој по војната стана прв претседател на Косово, Ибрахим Ругова, и од сегашниот косовски премиер, Хашим Тачи.

„Ние ќе докажеме дека сме подготвени да се бориме не само на фронтот, туку и во политиката“, изјавил Лимај во говорот одржан на 2 јули 1999 година, пред илјадници лица излезени по улиците на главниот град, за да го прослават ослободувањето по завршувањето на конфликтот со српските сили.
Ослободен во странство, повторно суден дома

Но, на политичката кариера на Лимај, во годините што следеа по конфликтот, сенка фрли судењето за воени злосторства во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија.

Во 2003 година, Трибуналот го обвини Лимај, заедно со поранешните припадници на ОВК, Исак Муслиу и Харадин Бала, за воени злосторства против Србите и Албанците, осомничени дека за време на војната соработувале со силите на Белград.

Во ноември 2005 година, тој беше ослободен и дома беше пречекан како херој, со улични прослави во главниот град.

Во 2007 година во Хаг повторно се одржува судење, откако друг косовски Албанец, Беќа Беќај, беше осуден за заплашување на сведоци и Лимај повторно е ослободен.

Инаку, поранешниот герилец беше двапати поразен во битката да стане градоначалник на Приштина, но, сепак, на општите избори во 2007 година, тој беше вториот кандидат со најголем број на гласови по Тачи, поранешниот политички лидер на ОВК.

Тачи тогаш го назначува својот доверлив “Командант челик“ за министер за транспорт, но, патот на неговото политичко унапредување наскоро ќе биде пресечен поради други обвиненија.

Имено, во април 2010 година, Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово, ЕУЛЕКС, врши рација во неговиот стан во Приштина и во неговата куќа во градот Малишево. Две години подоцна, тој е обвинет за наводна вмешаност во организиран криминал и корупција во Министерството за транспорт.
Во меѓувреме, во летото 2011 година, Лимај, заедно со уште девет други поранешни припадници на ОВК е обвинет за воени злосторства против цивили и воени затвореници, односно за малтретирање на српски и албански цивили и српски воени затвореници и полицајци, притворени во импровизираниот логор на ОВК во селото Клечка.

Klecka_road_sign-thumbЛимај и другите обвинети, минатата година првично беа ослободени од обвиненијата, откако судиите во случајот пресудија дека изјавите и дневниците на клучниот сведок, Агим Зогај, познат како “Сведок X“, кој бил стражар во Клечка, не се прифатливи како доказ.

Но, откако обвинителството ја обжали оваа одлука, доказите на Зогај беа прифатени и случајот беше повторно обновен.

Лимај, кој се изјасни дека не е виновен, го опиша случајот како политички мотивиран и во неколку наврати ја доведе во прашање непристрасноста на ЕУЛЕКС.

За БИРН вели дека веќе напишал 1.200 страници од неговата книга во која „ги опишува сите лични настани што се случиле по војната“. Неговото последно ослободување несомнено ќе додаде уште неколку реда во овие негови мемоари.

Едона Пеци, Генц Нимони – Приштина

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.