MKDNews.com

ОБНОВЕНО:Тројца загинати, четворица повредени во сообраќајка кај Страцин (фото)

септември 03
16:54 2013

Три лица загинаа, а четири се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи изутрината во 5 часот и 15 минути на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај селото Страцин на местото викано Поповски рид.Во сообраќајката учествувале три возила – „БМВ“ со бугарски регистарски таблички, „Голф“ со косовски и „Тико“ со кривопаланечки таблици.

Од полицијата информираат дека до сообраќајната незгода дошло кога патничко моторно возило марка „БМВ“ со бугарски национални ознаки управувано од Далибор Н.(34) од Крива Паланка, се движело во насока кон Крива Паланка и на местото на незгодата возачот изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна и првин удрил во возило кое се движело од спротивната насока марка „Тико“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Драган И.(55) од Крива Паланка, по што удрило и во возило марка „Голф“ со косовска национална ознака управувано од Гаши И.(36) од Приштина, Косово.На самото место починале возачите Далибор и Гаши, додека пак Драган им подлегнал на повредите во Ургентен центар во Скопје.

Со тешки повреди се здобиле и четворица сопатници и тоа Г.С.(46) и А.А.(42) од Крива Паланка кои биле во „Тикото“ и Е.Б. и А.И.(28) двајцата од Косово кои се превезувале во „Голфот“. Повредените лица се пренесени во Ургентниот центар во Куманово, од каде Е.Б. поради карактерот на повредите е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. 

Фото Утрински

Фото Утрински

Фото Утрински

Фото Утрински

Фото Курир

Фото Курир

Фото Курир

Фото Курир

Фото Курир

Фото Курир

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.