MKDNews.com

Тројца косовски Албанци добија казна затвор за воени злосторства

септември 15
08:42 2013

Тројца поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово, ОВК, се осудени за убиство на Албанец за кој тие верувале дека соработувал со Србите за време на конфликтот во 1999 година.

Судот на Мисијата на ЕУ за владеење на правото, ЕУЛЕКС, во северниот косовски град Митровица, осуди тројца поранешни припадници на ОВК на вкупно 36 години затвор за убиство извршено во медицинскиот центар во Скендерај / Србица во 1999 година.

„Сабит Геци, Рустем Геци и Хетем Геци се прогласени за виновни за воено злосторство против цивилното население, поради убиството на Гани Бериша извршено на 18 јуни 1999 година во медицинскиот центар во Скендерај / Србица“, соопши ЕУЛЕКС.

Судот утврди дека обвинетите ги нападнале лицата Гани Бериша и Вехби Бериша, во центарот на Скендерај / Србица, бидејќи ги сметале за соработници.

Жртвите биле пренесени во болница, каде што припадниците на ОВК ги нападнале повторно, при што пукајќи, го убиле Гани Бериша.

„Судот ја зеде предвид сериозната природа на злосторството, како и кршењето на светоста на медицинскиот центар, поради што секој од обвинетите е осуден на казна затвор од 12 години“, се вели во соопштението на ЕУЛЕКС.

Обвинетите не беа прогласени за виновни за убиство на Вехби Бериша, кој исто така почина, ниту пак за ранување на двајца други цивили во Скендерај / Србица, бидејќи судот сметаше дека овие обвиненија не биле докажани без сомнение.

Четвртиот обвинет, Бедри Шала, беше ослободен од обвиненијата за помагање на борците на ОВК по извршување на делото.

Едона Пеци   Приштина

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.