Трка за помош на деца без родители од домот 11-ти Октомври Скопје, во Вашингтон, Њу Јорк, и Ен Арбор во Мичиген
Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) најавува дека добротворниот настан, трката Ајвар 5К, поради големата заинтересираност, оваа година по втор пат ќе се одржи во Вашингтон и за прв пат оваа година на две други локации во Њу Јорк и Ен Арбор во Мичиген. Сите три трки по повод 22 годишнината од осамостојувањето на Македонија ќе бидат одржани во Недела на 8-ми Септември 2013.
Завршувањето на трката на сите локации ќе биде одбележана со попладневен пикник, музика, оро и добра дружба!
Средствата собрани од сите три трки ќе бидат донирани на Домот за деца без родители 11-ти Октомври во Скопје во кој нови подови, теписи, шкафови и многу други работи се повеќе од потребни. Во зависност од тоа колкав ќе биде бројот на донирани средства се надеваме дека ќе бидеме во ситуација да пружиме помош во форма на формула пелени и други потребни работи на Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Вашата помош и поддршка е повеќе од потребна.
Трката во Ен Арбор во Мичиген под наслов МК Ајвар 5К трка за различност е организирана од страна на Македонско-Американската Студентска Асоциација (МАСА) при Универзитетот во Мичиген и дел од средствата ќе бидат донирани на локалната асоциација Роналд Мек Доналд за деца на кои им е потребна помош.
При завршувањето на трката секој тркач ќе добие мајца и тегла од најпознатит Македонски специјалитет Ајвар (тркачите од Ен Арбор не добиваат мајца). На прво пласитаните по завршувањето на трката ќе им бидат доделени и награди, а исто така ќе има наградно извлекувањеобезбедено од спонзори.
За да се регистрирате за трката стиснете ТУКА.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment