MKDNews.com

Тригодишно дете сурфа како професионалец

септември 10
17:56 2013

На тригодишна возраст, Тристон Гејли сурфа како да има десет. Својата маица со цртани ликови Тристон ја замени со костим за нуркање и елек за спасување и тој сурфа со големите момчиња на брегот на Централна Калифорнија. Таткото на Тристон, Тод Гејли, изјави за “Сан Луис Обиспо трибјун” дека неговиот син почнал да сурфа со својата шестгодишна сестра лани.
Меѓутоа кога русокосото момче почнало да стои на даската за сурфање, татко му му купил поголема професионална даска за сурфање од “Костко”.
Тристон веднаш почна да привлекува внимание бидејќи се повеќе и повеќе се усовршуваше и стана цврст и стабилен, со рацете испружени додека сурфа на брановите во заливот Моро.
Тод Гејли, кој е сурфер целиот свој живот, го нарече својот син природен талент и најкоординираниот тригодишен сурфер кој тој го знае.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment