MKDNews.com

Трета форумска сесија во Општина Илинден (фото)

септември 17
16:05 2013

Општина Илинден во соработка со Центарот за одржлив развој Алка во холот на Модуларното училиште ја организираше третата форумска сесија од Проектот „Форуми во заедницата“.

По регистрацијата и воведувањето во дневниот ред, од страна на 120-те учесници беа усвоени целите на третата форумска сесија. Во текот на форумската сесија работните групи ги презентираа 10-те нацрт концепти, а по нивната презентација следeше и дискусија од страна на учесниците.

Презентираните нацрт концепти се од областа на подобрување на комуналните услуги, тема која беше прифатен од учесници на првата форумска сесија.

Следните форумски сесии Проектот кој ќе добие најголема подршка од учесниците на форумот, ќе се реализира со средства во висина од 4,8 милиони денари, обезбедени од Швајцарската Агенција за развој и соработка 2,4 милиони денари и од Општина Илинден, во висина од 2,4 милиони денари.

forum3

forum1

forum2

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.