MKDNews.com

Видео:Тешка сообраќајна несреќа на влезот во Битола :Шестмина повредени, од нив две деца

септември 19
18:00 2013

image

Попладнево на влезот во Битола од страната на Ресен, во непосредна близина на бензинската пумпа на „Лук Оил“ се случи тешка сообраќајна несреќа во која има неколку полесно и потешко повредени лица на различна возраст. Повредените се пренесени во битолската Клиничка болница каде им се укажува помош, пренесува МИА

Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило марка „Опел Вектра“ со струмички регистерски таблици и патничко моторно возило марка „Хјунадаи“ со битолски регистерски таблици.Увид на местото на несреќата извршија стручни лица на СВР-Битола и истражен судија кои ги утврдуваат причините за сообраќајната несреќа што попладнево се случи на влезно-излезниот дел во Битола од патниот правец Прилеп-Ресен.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment