MKDNews.com

Тешка несреќа на Ибарската магистрала , загинаа двајца браќа млади ракометари (видео)

септември 15
15:05 2013

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на Ибарската магистрала во близина на селото Заграѓе при судар на патнички автомобил и теретно возило

Како што јавува РТС , три лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи околу 09 часот утрово на Ибарската магистрала во подножјето на рудникот во село Заграѓе општина Горњи Милановац.

Во несреќата настанала помеѓу патнички автомобил марка “југо” и камион марка “Сканија”.

На самото место на повредите им подлегнаа на сите патници на југото од кои двајца браќа на воздраст од 16 и 18, како и возачот В.С. (44), сите од Белград, кои отеле на свадба во Рашка.

Во полициска станица во Чачак за РТС велат дека југото управувано од В С, со Белградски регистрации, од непознати причини преминал на спротивната страна и дирекно се судрил со товарното возило со регистрација од Нови Пазар управувано од АЗ (37) од Крушевац.

Загинатите браќа биле ракометари на подмладокот на ракометниот клуб Партизан.

РК Партизан најави дека длабоко жали загубата на две момчиња и недела на жалост, која ќе трае до петок, одложени натпревари сите категории.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.