MKDNews.com

Терористи убија 43 невини жртви во Пакистан

септември 22
17:23 2013

Најмалку 43 луѓе се жртви и над 80 се ранети откако експлозивна направа експлодираше пред црква во главниот град на северозападната пакистанска провинција Хајбер-Пахтунхва во градот Пешавар, соопштија локалните власти, цитирани од АФП.

“Бројот на загинатите се зголеми на 43 лица, уште 80 се повредени”, соопшти доктор Шер Али, кој е заменик-директор на една од главните болници во Пешавар. Овие податоци беа потврдени и од други официјални лица.

Според сведоци експлозиите биле две, како и дека вториот бил помоќен од првиот.

Се претпоставува дека за време на експлозијата во црквата имало околу 500 до 600 лица.

До моментов никој не ја презел одговорноста за извршениот атентат.

Според локалните органи на редот експлозијата најверојатно е предизвикан од терорист-самоубиец. Според очевидци, експлозијата избувнала точно во моментот кога верниците излегувале од црквата во пешаварската област Коха.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.