MKDNews.com

Тепачка во Охрид, повредено едно малолетно лице

септември 15
20:25 2013

Синоќа, околу 21:20 часот се случил инцидент на улицата „Славеј Планина“ во Охрид, при што е повредено едно лице.Инцидентот се случил откако претходно настанала меѓусебна расправија која прераснала во тепачка помеѓу лицата С.Б.(16) и уште еден 14 годишен малолетник двајцата од Охрид од една страна и С.Ш.(16), П.Д.(17) и А.И.(18) сите од Охрид.

Двете групи си размениле удари со рацете по главите и телата, од кои со тешки телесни повреди се здобил 16-годишниот С.Б. на кој му е укажана лекарска помош во Медицински центар Охрид каде е задржан на лекување.Охридската полиција работи на целосно расчистување на случајот.
(ИНПРЕС)

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.