MKDNews.com

Teлевизија телма бара ВМРО-ДПМНЕ да го повлече спотот во кој телевизијата е злоупотребена!

септември 20
20:49 2013

Без претходно да не` информира или пак да побара согласност, оваа партија како нарачател на телевизиски спот во кој, на нивен својствен начин го критикува политичкиот противник, вметнува слика и тон препознатливи за Телма,велат од Телма.
Бараме од ВМРО ДПМНЕ да престане да ги злоупотребува архивите што ги поседува,а во кои најверојатно се наоѓаат и вестите на телевизија Телма,кои патем се наша сопственост и авторски труд заштитен со закон. Истото се однесува и на сите други политички партии.Телма очекува соодветна реакција и од Советот за радиодифузија и повлекување на спорниот политички спот,чиј нарачател е ВМРО ДПМНЕ.

Телевизија Телма најостро се спротиставува на злоупотребата на нашиот медиум во политички цели од страна на ВМРО ДПМНЕ при јавната пресметка со нивниот политички противник СДСМ.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.