MKDNews.com

Струшкиот муфтија негира дека прифатил да се гради црква во Октиси

септември 09
23:57 2013

Пред неколку часа заврши средбата во Октиси меѓу муфтијата Салим Сулејмани и неговиот тим со октишани и џамиските одбори на чело со имамите.

Како што дознаваме целта на оваа средба била токму изјавата од Тимотеј кој изјави дека струшкиот муфтија прифатил да се гради црква.

Струшкиот муфтија негира дека на средбата со тимотеј прифатил да се гради црква, а изјавата ја нарече медиумска пропаганда. Струшкиот муфтија исто така им даде целосна подршка на муслиманите во октиси.

Џамиските одбори ја собраа целосната потребна документација и уште утре ќе почнат со судска постапка против инвеститорите на црквата.

Исто така џамиските одбори собраа документи каде што може да се забечежи дека тогашниот градоначалник Ромео Деребан заедно со неговиот брат тогашен јавен обвинител го присвоиле тоа “селско место“, а кое предходно било во сопственост на муслиман од Октиси кој заминал за Република Турција и го направиле како црковно место на кое подоцна во 80-тите години било изградено мала црква.