MKDNews.com

Струга доби велосипедска полиција

септември 06
20:04 2013

Со пригодна свеченост денес напладне во полициската станица во Струга ќе биде промовирана велосипедската полиција како продолжение на проектот „Велосипедска полициска патрола“.

Велосипедската полиција е модерна замисла за нова и современа форма на полициско работење што треба да обезбеди партнерство и поблизок контакт со граѓаните, збогатување со нова содржина во превентивното делување со што кај јавноста треба да се подигне нивото на позитивна перцепција за полицијатра како јавен сервис во служба на граѓаните.
Таа е обид за поголема мобилност на полициската служба посебно во летните месеци кога имаме зголемена фрекфенција на сообраќајниците во Струга, можност за побрзо пристигнување на местото на настанот каде има нарушување на јавниот ред и мир или кражба посебно во централното градско подрачје, побрзо откривање и пронаоѓање на сторители на разни казнени дела, нов облик во одржувањето на јавниот ред и мир, укажување помош и заштита на граѓани и субјект за поголема ефикасност во извршувањето на вкупните полициски работи утврдени со закон. Патролата брои четири полицајци-велосипедисти со мешан етнички состав кои активно ќе се вклучат во превентивното и репресивното делување пред се во реализација на кражби, спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање и приведување на сторители на разни казнени дела пред се на сторители на кражби по плажите и паркинзите како и во централното градско подрачје. Велосипедистите-полицајци ќе работаат и во реализација на мерки за одржување на јавниот ред и мир за што имаа посебна полициска обука.
Покрај позитивното делување на релација полиција-локална заедница и зголемената можност за поблизок контакт со граѓаните посебно со младите, патролата ќе го афирмира велосипедизмот како спортска дисциплина и здрав начин на живот, ќе ја промовира грижата за здрав начин на живот и ќе го надоградува позитивниот имиџ во јавноста. Секако дека постои и значителна економска оправданост од постоењето и работата на велосипедската поли- циска патрола
Инаку, работењето на велосипедската полиција во Струга е продолжение на проектот „Велосипедска полициска патрола„ изработен во Мај 2008 година по иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид по што преку МВР на РМ е подржан од одделот за развој на полиција при мисијата на ОБСЕ во Република Македонија. Во изминативе 5 години, велосипедската полициска патрола во Охрид целосно беше вклучена во збирните превентивни активности на СВР Охрид. Севкупната работа на полициската велосипедска патрола се извршува крајно професионално и во согласност со законските полициски овластувања. Пред стартот на нивната работа во Јули 2008 година, припадниците на велосипедската полициска патрола имаа посебна едномесечна обука што во Охрид ја реализираше полициски инструктор од МВР на РМ со стекнат сертификат за посебни техники на полициско велосипедско патролирање претходно обучен од американски полициски обучувачи за полициско патролирање на велосипед.
Патролата во изминативе 5 години од своето постоење и функционирање целосно го оправда своето постоење и значително придонесе во подигнувањето на степенот на севкупната безбедност во Охрид.
На денот на официјалниот старт на патролата 17.07.2008 година, беше органи- зирана прес конференција на која присуствуваа новинари од сите локални пишани и електронски медиуми како и дописниците на националните медиуми. Патролата претставува посебна туристичка атракција која со воодушевување е прифатена од охриѓани и од туристите. Тие се сликаа со ве-лосипедистите и покажуваат интерес за разговор со нив.
Патролата учестува во сите превентивни акции на СВР Охрид, делење на флаери по плажите за заштита од кражби и во низа други проектни активности на оделението за превенција. Беа активно вклучени и во програмите на неколку национални телевизии што во живо се емитуваа од Охрид а беа посветени и на безбедноста и охридската полиција. Во телевизиски прилог тие од движење на велосипед практично манифестираа акција за приведување сторител на казнено дело со што ги демонстрираа стекнатите вештини и знаења.
Патролата е редовно присутна и во обезбедување на значајни концерти и спортски манифестации што во летниот период се одржуваат во Охрид како и во разни проектни активности на невладините организации, велосипедските клубови и други локални спортски организации.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment