MKDNews.com

Странци-учесници на Конференција во Охрид киднапирани од терористи во Охрид (фото)

септември 05
16:30 2013

Гости од странство кои се учесници на Меѓународна безбедносна Конференција што се одржува во Охрид завчера беа киднапирани откако влегле во туристичкиот бродот што плови на релација од пристаништето, пред Хотел Горица до Свети Наум.

kidnaperi4

Со учесниците на конференцијата на бродот се качиле и дел од вооружените грабнувачи припадници на терористичка групација. Тие како џихадисти учествуваа во вооружениот конфликт во Сирија.

Грабнувачите го запреле бродот на потегот пред хотелот Парк и го присилиле капетанот да го укотви пловилото, а истовремено, до бродот со глисер пристигнале и останатите припадници на оваа терористичка групација.

kidnaperi1

kidnaperi2

Капетанот на бродот ја  известил Охридската каптанија од каде случајот е пријавен во МВР.
Грабнувачите со овој потег барале да се ослободат петтемина припадници на нивната терористичка групација кои моментално издржуваат казна затвор во КПУ Идризово и безбедно да се транспортираат до бродот на кој што се наоѓале грабнувачите. Побарале и да се овозможи непречено преминување на државната граница со Република Албанија.
Во обид да ги спаси патниците, Тимот за преговори на Единицата за специјални задачи при МВР започнал преговори со терористите кои завршиле неуспешно зашто министерството ги отфрлило ваквите барања.

kidnaperi3

kidnaperi5

Специјалните единици од Одделот за посебни единици во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност, дејствуваа од вода и воздух и во акцијата успеаја успешно да ги ослободат сите заложници кои се наоѓаа на туристичкиот брод.

kidnaperi6

kidnaperi7

kidnaperi8

Ова беше сценариото на вежбата на  повеќе единици на МВР со кои тие вчера и денес се обидоа да покажат дека се подготвени да се справуваат со сите предизвици и закани коишто се случуваат насекаде во светот.

(Супер радио)

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.