Стенковец: Се урна авион “Цесна“ ,патниците со лесни телесни повреди (фото)
Авион од типот „Цесна 173“, во кој имало група од четворица пилоти- аматери од Израел, падна на спортскиот авион Стенковец
Според првичните информации, лицата се во добра здравствена состојба. По нивно барање била повикана брза помош, а потоа биле однесени во болницата „Систина“. Како што рече директорот на спортскиот аеродром Стенковец, Дејан Саздовски, во авионот била група од четворица пилоти- аматери, кои втор пат доаѓаат во Македонија, дојдени од Израел, преку островот Самос во Грција, на аеродромот „Алескандар Велики“.
– Околу 15 часот и 55 минути, во текот на денешниот ден, при слетување на авионот „Цесна 172“, со израелска посада, се случи инцидент на спортскиот аеродром Стенковец. При слетувањето, авионот е сериозно оштетен. За среќа, лицата немаат сериозни повреди и на нивно барање се однесени во болницата „Систина“.
Причините за несреќата засега се непознати- вели Саздовски.Од „Систина“ велат дека на лицата им биле нанесени лесни телесни повреди и пуштени се на домашно лекување.Причините за несреќата ќе ги утврдува Агенцијата за цивилно воздухопловство и Комитетот за инциденти.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment