MKDNews.com

Србија на колена пред македонската фаланга

септември 07
00:04 2013

Пипан беше во право, нашите кошаркари се налутија по двата порази со контроверзни судиски одлуки и почнаа да газат на Евробаскетот во Словенија. Србија беше немоќна да и се спротивстави на нашата селекција која беше доминантен противник во текот на целиот меч кој го добивме со 89:75.

Со тројката на Војдан Стојановски и двата поени на Антиќ, нашите кошаркари ја најавија големата борба во третата пресметка на Евробаскетот во Словенија. Водството во првата четвртина избраниците на Пипан постојано го зголемуваа, а во последните 35 секунди маестралниот Владо Илиевски постигна две тројки за голема предност од 29:17.

Тројките на нашите кошаркари беа важен дел од играта и во вториот период, а по 100% реализација на Илиевски 3/3, погоди и Перо Антиќ за најголема предност на средина од четвртината од 40:25. Случувањата на паркетот одеа постојано во наша полза, а мрежичката со тројка ја запали и Бо Мекејлеб за високи 16 поени предност на полувремето од 48:42.

Второто полувреме го отворивме како што најмногу посакувавме со 4 набрзина постигнати поени за водство од +20. Настаните на теренот се движеа како на филмска лента. Мекејлеб растураше на теренот, првите поени во финишот од третата четвртина ги постигна Самарџиски, а под кошот реализираше и Антиќ за фантастични 70:45 во третата четвртина.

Во сите аспекти од играта бевме подобар противник, со подобар шут од поле и за три поени, но и со повеќе скокови. Српските кошаркари најмногу успеаа да стигна до -11 на 4 минути до крајот на мечот, но Македонија беше незапирлива и на крајот трумфираше со 89:76.

Лестер Бо Мекејлеб, Перо Антиќ и Владо Илиевски беа најдобри на паркетот. Нашиот плејмејкер постигна 27 поени, капитенот Антиќ имаше дабл дабл учинок од 16 поени, 14 скока и 3 асистенции, а Илиевски од 16 коша постигна 4 тројки.

(off.net.mk)

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.