MKDNews.com

Спречен шверц на 750 штеки цигари од Македонија во Велика Британија (фото)

септември 17
19:03 2013

Четворица македонски државјани со двоен пасош, македонски и бугарски, се обиделе да прошверцуваат 750 штеки цигари преку аеродромот „Александар Велики” во Велика Британија, каде на црниот пазар би заработиле 75.000 евра.
Царинските службеници на аеродоромот „Александар Велики”, во вторник наутро, спречиле обид за шверц на 748 штеки цигари.

Во вторникот околу 5 часот на скопскиот аеродром „Александар Велики” царинските службеници во соработка со граничната полиција, при вршење на редовна контрола на стоки и патници за летот на релација Скопје -Лондон Лутон, кај четворица македонски државјани пријавени за излез од државата откриле поголема количина цигари од различен бренд.

На прашањето дали имаат нешто да пријават четворицата патници, сите со двојно државјанство и носители на бугарски пасоши, одговориле негативно. По барање на царинските службеници за увид во личниот багаж на патниците пронајдени се вкупно 478 штеки цигари WINSTON, WINSTON BLUE, CAMEL, DIVA, LD RED, LD BLUE, KARELIA OM, KARELIA SLIMS. 615 штеки се со македонски контролни маркички, додека 133 штеки се без акцизни маркички.

При извршениот службен разговор, утврдено е дека станува збор за организирана група која се обидела да шверцува цигари и дека цигарите се наменети за продажба на црниот пазар во Лондон, каде вредноста би достигнала до 75 илјади евра.

Цигарите се одземени, а против прекршителите е отпочната постапка пред Комисијата за одлучување по царински прекршоци.
cigari-3

cigari-2

cigari-1

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.