Спортската сала која во Март ја отвори Груевски сеуште не е ставена во употреба
Иако премиерот Никола Груевски свечено ја пушти салата во Велгошти Охридско на 04 Март 2013 непосредно пред почетокот на првиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ од изборна кампања за локалните избори, спортската сала сеуште не е ставена на располагање на учениците ,пишува Охрид 1 .
Според velgosti.com спортската сала во Велгошти започнала да се гради во 2002 година во непосреда близина на Основното училиште Живко Чинго.
Родители на ученици кои посетуваат настава во Основното училиште Живко Чинго во Велгошти реагирале до Охрид 1 :
“Салата која беше свечено овторена од власта сеуште не е достапна за децата. Нашите деца наместо во модерната сала часови одржуваат на игралиштето на отворено. Така беше и деновите кога врнеше дожд и кога наместо да се одржат часовите пропаднаа.Зимата е на прагот, па се прашуваме дали салата ќе биде отворена за учениците од како ќе залади времето.” ‘Родителите за Охрид1 велат дека доколку не се отворат вратите на салата за нивните деца тие ќе бараат прием и кај градоначалникот Никола Бакрачески.
Охрид 1 се обратиле во Општина Охрид од каде побарале одговор зошто салата во Велгошти не е достапна за учениците, но, од оваа институција одговор не добивиле.
Најпрво им било укажано дека до тој одговор тешко ќе се стигне , пред се заради некакви нарушени комуникации меѓу вработени во локалната администрација.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment