Спасувачки тим наоѓа човек по 4 месеци кој се загубил во Андите (видео)
Фернандо Гомез Сиркунегва кој има педесет и осум години од уругвај, кој четири месеци беше прогласен за исчезнат за време на снежна бура на Андите, е пронајден жив од страна на една аргентинска спасувачка екипа.
Гомез Сиркунегва во мај годинава се обидел со својот моторцикл да ги премине Андите, од Чиле во Аргентина, но моторциклот му се расипал во текот на една силна снежна бура, па тој останал сам и залутал во зафрлените реони на највисоката планина во Јужна Америка.
Спасувачите го пронашле на височина од 2800 метри.
Лекарите од аргентинската болница каде што Сиркунегва бил однесен по проаноѓањето, соопштија дека е дехидриран и дека загубил 20 килограми од својата телесна тежина, но дека сепак веруваат оти ќе се опорави.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment