Соња Тарчуловска тешко повредена , паднала од тераса
Сопругата на Јохан Тарчуловски, фолк пејачката Соња ноќеска паднала од балконот на станот каде што живее со семејството во скопска Кисела Вода и тешко се повредила.
Веднаш е пренесена во Ургентион центар на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде што, како што јавуваат од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивна нега, е оперирана и се наоѓа во стабилна здравствена состојба.
Министерството за внатрешни работи падот на пејачката го води како „несреќен случај“ и оттаму за други информации упатува на семејството Тарчуловски.Медиумите денеска објавија дека Соња со тешки повреди на телото била пренесена вo Клиничкиот центар во Скопје каде била задржана на натамошно испитување и лекување. Лекарите, според информациите, констатирале скршеници на неколку ребра, на едната рака и на р‘бетниот столб.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment