MKDNews.com

Со Коста Конкордија потонале и 10 милиони долари

септември 21
14:33 2013

Во бродот Коста Конкордија кој потона кај островот Џиљо, во 1500 сефови потонале и милиони долари и вредни уметнички дела.Откако крузерот беше исправен за него се борат дури три пристаништа. Најголема е борбата помеѓу пристаништата во Џенова, Пиомбино и Палермо. Се чини дека Конкордија на крајот ќе заврши во Италија, иако имало идеја да биде однесен во Индија, каде расклопувањето би било многу поефтино.

Пред неговото расклопување, нуркачите ќе тргнат во потрага на двајца исчезнати патници, но и со присуство на државен обвинител, треба да се отвори кабината и околу 1.500 сефови со лични предмети.Со оглед на тоа што крузерот го краселе голем број на уметнички дела со висока вредност, експертите проценуваат дека со бродот потонале и околу 10 милиони долари во пари и накит. 

Како што јавуваат италјанските медиуми за расклопувањето на бродот,ќе се вработат стотина луѓе. Тие ќе треба да ги испразнат сите простории каде што имало овошје, зеленчук, јајца, млеко, повеќе од еден тон месо, два тона сирење и речиси 25.000 литри сладолед.

image

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment