MKDNews.com

СМК: Честитки за денот на независноста на државата Македонија и барање до власта за крај на разговорите за разликата за државното име!

септември 08
14:11 2013

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) и Светскиот Македонски Младински Конгрес (СММК) на Македонците во целиот свет и на Македонските граѓаните им го честитаат 8 септември – Денот на независноста на државата Македонија!

СМК и СММК потсетуваат дека македонскиот народ и граѓаните на Македонија на 8 септември 1991 година во апсолутно мнозинство гласаа за “Суверена и Самостојна Држава Македонија“, без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна за сите!

СМК и СММК укажуваат дека никој нема мандат да разговара, преговара и договара промена на државното име Македонија! Секој договор за промена на државното име Македонија не претставува демократија или право на слобода на говорот и мислата, туку најтешко кривично дело велепредавство кое не застарува, злосторство против човештвото, геноцид врз македонскиот народ и флагрантно кршење на Уставот на државата Македонија и на меѓународното право.

Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет бараат итен и безусловен крај на разговорите за разликата за државното име Македонија со јужниот сосед Елада и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни органи, организации и заедници под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна грчка и југо-западна бугарска провинција Македонија, независно од историските хипотеки, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (The Republika Makedonija), туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и македонскиот јазик, именката Македонци и придавката македонски, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (The Makedonski people) и (The Makedonski language), (Makedonci) и (Makedonski) туку на англиски јазик “The Macedonian people“ и “The Macedonian language“, “Macedonians“ и “Macedonian“!

Секое продолжение на разговорите за разликата за државното име е одговорност на власта!

Сите Македонци еден за друг! Македонија вечна! Амин!

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.