MKDNews.com

Сите од семејството Бошњаковски добија условна казна затвор

септември 13
18:35 2013

image

Судијата од Врховниот суд, кој од скоро е во пензија, Александар Бошњаковски неговата сопруга и син, добија условна казна од една година, ако во рок од четири години не го повторат делото за кое беа обвинети односно за присилно одземање на внука, од нивната поранешна снаа

Судијата Бошњаковски, како што е познато беше обвинет во случајот со оздемањето на внуката од поранешната снаа, со кои беа во повеќегодишен спор околу старателството. Неговата сопруга Снежанка и синот Стефан вчера не сакаа да проговорат за настанот што ја вознемири јавноста со криењето на внуката Александра. Судијата и синот се во притвор, а сопругата се брани од слобода. Одговараат за одземање малолетник и за запуштање малолетно лице. Во судската сала беше и поранешната снаа, која е има нарушени односи со семејството Бошњаковски.  Она што прво се слушна во судницата беше барањето на синот Стефан и на судијата да бидат ослободени од притвор. И двајцата имаат тешки здравствени проблеми.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.