Синчето со бакнежи ја разбудило мајка си од кома (фото)
септември 24
16:46
2013
Во 2010-та, Занг Ронгшијан од Кина, доживеала страшна сообраќајка од која останала во кома.Во текот на испитувањата лекарите откриле дека Занг е бремена а бебето за чудо ја преживеало сообраќајката.
Цели 7 месеци, нејзиниот сопруг и лекарите се грижеле за бебето кое раснело во стомакот на мајката која за цело време била во кома.Кога дошло време за породување, лекарите и направиле царски рес, а Занг родила здраво машко бебе, кое таткото го крстил Гао Кјанбо. За чудото да биде уште поголемо, Занг се разбудила од кома во моментот кога Гао започнал да и зборува. Иако сега Занг е парализирана и врзана за кревет, таа и нејзиното семејство се пресреќни и се благодарни што добиле втора шанса.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment