MKDNews.com

Што се за мажите може да биде романтично?

септември 14
04:58 2013

Многу од жените велат дека маж и романтика многу ретко одат заедно, а секако на ова веднаш добиваат критики од мажите во смисол дека сите мажи не се исти. Да, сите мажи не се исти, но понекогаш научниците едноставно се согласуваат со фактот дека машката романтика знае да завземе навистина бизарни размери. Еве што се открија последните истражувања.

menandromanceНавистина, ако поставите прашање “Што е романтично за еден маж?”, сигурно е дека ќе добиете илјадници одговори, односно, толку различни одговори колку што мажи ќе прашате. Повеќето од жените се согласуваат во тоа што е романтично за една жена, но кај мажите ќе добиете одговори кои едноставно ќе ве остават без коментар. Последното истражување ни открива листа од бизарни одговори кои ги дале повеќе мажи за тоа што е романтично за нив:

  • Подавањето на далечинскиот управувач од партнерката било многу чест одговор
  • Кревањето на капакот од WC школката било исто така чест одговор
  • Мокрење на маичката за време на миењето садови
  • Набљудување на партнерката додека пегла
  • Набљудување на партнерката додека ја средува собата и сл.

Дека не е се така црно, говорат и некои податоци од истражувањето кои укажуваат дека некои мажи сепак имаат нормално чувство за романтика бидејќи изјавиле дека за нив романтично е:

  • Кога им подаруваат цвеќе на жените
  • Кога им носат ручек во кревет
  • Кога се со партнерката во миризлива купка
  • Кога шетаат во природа и сл.

article-2312935-196DE2A4000005DC-228_468x474Ако мислевте дека само вашиот дечко има бизарна смисла за романтика, тогаш веројатно сега се предомисливте. Сепак факт е дека без разлика дали сте маж или жена, секоја индивидуа има различни принципи, правила и потреби, секоја индивидуа има засебно чувство за тоа што е романтично. Затоа немојте да се обидувате да го смените вашиот партнер, бидејќи веројатно нема да успеете, сакајте го таков каков што е, бидејќи оригиналноста кај човекот секогаш била ценета

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.