MKDNews.com

“Шпионите” доверливи документи копирале за грчката и унгарската служба

септември 18
08:32 2013

Грчката и унгарската разузнавачка служба биле најревностни соработници на учесниците во аферата „Шпион“ и на водачот на групата, Марјан Ефремов, пишува „Дневник“.

Добиените информации тие ги плаќале со пари, со тоа што понекогаш како противуслуга обезбедувале одмор или забавување на клучниот актер во аферата во едно познато италијанско монденско летувалиште. Претпоставка е дека лица од унгарската служба купените информации за состојбите во македонската држава им ги препродавале на други заинтересирани служби. Инаку меѓу лицата што комуницирале со Ефремов се среќаваат македонски политичари, меѓу кои има и претседатели на политички партии ,пишува „Дневник“.

Групата копирала документи до кои имале пристап и потоа ги предавала на водачот кој ги ставал на цедиња и УСБ-стикови и ги носел во Грција каде ги предавал на неговите контакти, а се уште е непознато кој и кога го врбувал поранешниот разузнавач.
Актерите во случајот што пред два дена го обелодени МВР собирале и доставувале до разузнавачки служби од соседна земја на Македонија информации за радикален исламизам, за изборите и политичките случувања во земјава и за поставеност за безбедносните служби. Во интерес на истрагата, но и поради доверливост на информациите, полицијата официјално не соопштува за која земја станува збор, ниту детали за чувствителните информации со кои се „тргувало“.

Начинот на кој оперирала оваа група бил многу едноставен бидејќи имале сертификати за пристап до класифицирани информации од највисоко ниво. Документите до кои имале пристап ги копирале и потоа ги предавале на организаторот на групата. Станува збор за документи во кои имало детални податоци и анализи за политичката и безбедносна состојба во државата, како и можни ризици за евентуални ескалации, програми и планови за посети и престој на високи претставници на странски разузнавачки служби, имињата на лица кои биле во посета, податоци за лица кои биле опфатени во оперативни обработки, податоци за состојбите во верските заедници, податоци кои се однесувале на вехабизмот и радикалните структури во Македонија и Албанија и за структурите кои ги финансираат и помагаат , пишува “Вечер”.

“Се работи за чувствителен процес кој е во тек. Осомничените се изнесени ред судот, а додека тој, судот, не изврши своја проценка, не сакам да давам никакви коментари по тоа прашање”, рече премиерот Груевски за мега апсењата во склоп на акцијата “Шпион”.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment