MKDNews.com

Селекцијата на Франција е новиот Европски шампион

септември 23
00:55 2013

Репрезентацијата предводена од Тони Паркер која во полуфиналето го елиминираше најголемиот конкурент за златниот медал Шпанија доминираше во финалето со составот на Литванија за убедлива победа од 80-66.

И покрај израмнетата прва четвртина во која се чинеше дека финалето ќе биде неизвесно до последните моменти отпорот на литванците беше скршен веќе во вторите десет минути па Франција на полувремето замина со предност од 50-34 најавувајќи го конечниот триумф. Литванија не најде решение за расположените французи па разликата постојано растеше за во последната четвртина новиот европски шампион да влезе со водство од 18 поени и рутински да го заврши натпреварот за првата Европска титула во историјата. Најефикасен во составот на Франција беше Николас батум со 17 поени, Паркер средбата ја заврши со 12. Кај вицешампионот најефикасен беше Линас Клеиза со 20 поени. Сега веќе поранешниот Европски шампион Шпанија не амина без медал од Словенија, таа во натпреварот за бронзата со 92:66 ја победи Хрватска. 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.