MKDNews.com

Се снима филм за Букурешкиот договор

септември 20
18:40 2013

iljaМладиот охридски режисер Илија Пиперкоски,кој студираше режија во Романија,  почна со снимање на документарно играниот дилм “Последниот Македонец од Македонија”Продуцент на филмот е Снежана Лупеска. .

Во Битола почна снимањето на играно-документарниот филм „Последниот Македонец од Македонија“ мотивиран од стогодишнината на Договорот од Букурешт

Филмот финансиски е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија и Министерството за култура, а поддршка обезбеди и од Општина Битола и од Преспанско-пелагониската епархија, чии претставници, градоначалникот Владимир Талески и митрополитот г. Петар, денес присуствуваа на првата клапа од снимањето на филмот.

Според режисерот Илија Пиперковски, во филмот ќе бидат прикажани дел од убиствата на македонските војводи и зошто се случило тоа, зошто имало предавства, зошто уништувањата се случувале однатре и други моменти што долго биле истражувани.

– Долго читав и истражував. Консултирав историчари за да го пронајдам балансот на нештата и објективниот пат. Војводите го дадоа својот живот за слободата на Македонија и затоа преку овој филм ќе укажеме на неправилностите, да појасниме секому што ѝ се случувало на Македонија – истакна Пиперковски.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment