MKDNews.com

Се претставува како Мис на Узбекистан, а таму за нејзе прв пат слушаат

септември 14
15:47 2013

Рахима Ганиева има 18 години и тврди дека е Мис на Узбекистан. Таа заедно со уште 130 убавици во Индонезија се подготвува за изборот за Мис на светот кој ќе се одржи на 28 септември.Но, зачудувачки е тоа што властите од таа држава не знаат која е девојката и велат дека воопшто не ни одбрале ниту пак се одржал Мис на Узбекистан.Ганиева преку својот Фејсбук се пофали со извонредни фотографии од подготовките во Бали. Таа пишала дека знае да свири клавир, зборува англиски, ужива додека патува, а во моментов студира економија и дипломатија.

Сепак тамошните печат и медиуми, говорат дека универзитетот за кој што таа тврди дека студира воопшто и не постои. Засега не е познато начинот на кој што младата убавица успеала да дојде во Индонезија да се бори за Мис на светот.Но за нејзе најважно во моментов е што ужива во сите привилегии како Мисица и дава интервјуа за медиумита како ВИП личност.

image

image

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.