MKDNews.com

СДСМ:Во Кратово воведена е гробарина!

септември 03
17:39 2013

Советниците од Социјалистичката партија на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ во Советот во Кратово изгласале да се наплаќа 300 денари такса – надоместок за гробарина за кратовци.

Против одлуката гласале советниците на СДСМ, кои и по жестите спротивставувања, не успеале да ги разубедат колегите советници од актуелната власт.

„Иако советниците од редовите на СПМ и ВМРО-ДПМНЕ многу добро ја знаат тешката економска состојба во која се наоѓаат граѓаните на Кратово, и покрај укажувањата на советниците од редовите на СДСМ, кои жестоко се спротивставија на оваа одлука, партиите на власт решија да и од така празниот паричник на своите сограѓани да извадат уште по 300 денари такса за гробарина. Предлогот на Претседателот на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура „Кратово“, Зоран Михајлов, истакнат активист на ВМРО-ДПМНЕ, беше експресно усвоен и покрај противењето на советниците од СДСМ“, стои во соопштението на СДСМ.

На прашањето дали оваа такса е неопходна, и зошто баш сега мора да се воведе истата кога граѓаните на Кратово се најсиромашни од било кога, не одговори ниту Градоначалникот Мите Андоновски.

„Постојат ли граници за советниците на СПМ и ВМРО-ДПМНЕ? Ако продолжат со вакво темпо дали набрзо граѓаните на општина Кратово ќе почнат да плаќаат и такса за воздухот кој го дишат“, прашува СДСМ.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.