MKDNews.com

СДСМ: Насилни апсења на партиската полиција (видео)

септември 16
18:19 2013

Интегрален текст од прес конференција на Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
Како и пред неколку дена, во центарот на Скопје, партиската полиција на Никола Груевски утрово повторно демонстрираше терор и насилство.

Режимот на Груевски не може да поднесе луѓе кои аргументирано го докажуваат криминалот на семејниот клан на премиерот.

Ване Цветанов, поранешен директор на Агенцијата за спречување на перење пари, постојано јавно го прозиваше Груевски за штитење на лица од неговото најблиско опкружување за проневера на милонски суми пари на граѓаните на Македонија.

И нормално, за Никола Груевски, Ване Цветанов е државен непријател. Вождот го прогласи Цветанов за виновен. Притоа, апсењето мора да биде на начин да втера страв во коските на граѓаните. Да не помисли некој да критикува или пак да се спротивстави на неговото височество.

Во Македонија интензивно расте бројот на политички затвореници. Очиглено власта е подготвена да ги преполни затворите со луѓето што и се спротивставуваат. Насилнички гонат, апсат, судат и пресудуваат, лустрираат, казнуваат.

Колкаво е злосторството на Борис Дамовски, Горан Стојков, Марјан Маџовски, Ацо Диневски и останатите уапсени лица за да бидат третирани на ваков суров начин?

Режимот во распаѓање се обидува да зададе конечен удар. Проценката на Груевски е страотно погрешна. Ништо повеќе не може да го спречи неминовното. Заминувањето на оваа разулавена структура од политичката сцена во Македонија.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment