MKDNews.com

СДСМ: Јанкулоска само во станови го зголемила својот имот за 200.000 евра! (видео)

септември 18
16:10 2013

“Обична пресметка покажува дека, дури и кога министерката и нејзиниот сопруг не би трошеле ни денар од своите плати, да не јаделе, да не купиле ништо, не би можеле за толку кусо време да заработат ни половина од оваа сума — 200 илјади евра зголемен капитал. Господине премиер Груевски и министерке Јанкуловска, како е возможна оваа математика? “,запраша пред новинарите Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Ова е првиот во низата скандали за експресни богатења на луѓе од власта, за коишто СДСМ ќе ја информира јавноста, истакна Шилегов. – Сега, поставуваме просто прашање до министерката за внатрешни работи и до премиерот Груевски. Дали со чесна македонска плата, нека е и министерска, за 5 години се доаѓа до заработка од 200 илјади евра? 

– Секој граѓанин во оваа земја одговорот го знае, но Груевски нека одговори, просто, како што тој сака, дали може или не може?Шилегов ги презентираше анкетните листови на Гордана Јанкулоска:- Во 2006 година Јанкулоска пријавила дека поседува само стан од 76 метри квадратни, со вредност од 50 илјади евра.- По 5 години, во 2011 година, министерката се проширила во нов стан, од 114 метри квадратни, вреден 120 илјади евра. Интересно, истата година, со стан од 95 метри квадратни, вреден 100 илјади евра се стекнува и нејзиниот брачен партнер. – Едноставно е прашањето, како и успеа ова на чесната министерка Гордана Јанкулоска?

Дури за 4 пати да го зголеми својот имот, од две плати во државната администрација, заедно, не поголеми од 1700-тини евра?! 

„Обична пресметка покажува дека, дури и кога министерката и нејзиниот сопруг не би трошеле ни денар од своите плати, да не јаделе, да не купиле ништо, не би можеле за толку кусо време да заработат ни половина од оваа сума – 200 илјади евра зголемен капитал“, истакна Шилегов.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment