MKDNews.com

Руска мајка и нејзиното семејство одговорни за убиство на 30 луѓе, вклучувајќи жени и деца (видео)

септември 18
01:24 2013

Едно семејство од руска средна класа е одговорно за низа на грабежи и убиствата на најмалку 30 лица, а помеѓу жртвите имало и жени и деца.Некогашната учителка во градинка Инеса Тарвердиева (46), нејзиниот втор сопруг, стоматологот Роман Подкопаев (35) и ќерките од првиот брак, Викторија Тарвердиева (25) и Анастасија (13) биле вмешани во низа на немилосрдни убиства, а ова во јавноста го соопштила полицијата од руската област Ростов, пишува Дејли мел.

image

При судирот со полицијата, Подкопаев бил убиен и останатите членови од бандата биле конечно уапсени, а Викторија била тешко ранета.

image

Дури шест полицајци се дел од жртвите на ова сурово семејство, кое што започнало да убива пред шест години, но дел од прекршоците датираат уште од 1998 година. За овие криминалци убиствата и кражбите биле како “секојдневна работна обврска”, а Инеса пред полицијата рекла дека е “гангстер по природа и дека убивањето за неа значи заработување пари”. Исто така, таа пред полицијата демонстрирала и како го користела оружјето при убиствата. Полицајците изјавиле дека таа изгледала како и секоја обична домаќинка.

image

Во едно убиство од 2009 година, ова сурово семејство со помош на полуавтоматско оружје го убиле Димитриј Чудаков, неговата сопруга Ирина и седумгодишниот син Саша, додека ќеркичката Вероника (11) била избодена 37 пати. Семејството било нападнато додека било во семејниот автомобил, а нападот бил изведен само за да им се украдат лаптоп компјутерот, фенот за косата и камерата.

“Не ги убив децата, тоа го направи мојот сопруг”, изјавила Инеса, која го признала убиството на возрасните и својата омраза кон полицијата. Семејството исто така измачувало и убило две тинејџерки, на кои што им биле ископани и очите.

Како дел од семејната банда, уапсени биле и сестрата на Инеса, Анастасија (26) и нејзиниот сопруг Сергеј Синелинк (31), некогашен сообраќаен полицаец. Тие биле обвинети за помагање и прикривање на злосторствата на семејството, кое што пак заминувањето на кампување го користело како алиби за злосторствата. Детективите веруваат дека овие криминалци имале внатрешни информации за полициските операции и дневник за деталните полициски активност. Во претресот на нивните домови биле пронајдени околу 20 пушки, вклучувајќи и автоматски пушки, бомби, придушувачи и муниција, како и украден имот на жртвите.

image

Семејството живеело во областа Ставропол, а злосторствата ги изведувало во соседната област Ростов. Полициската патрола ги застанала Роман и Инеса во текот на нивниот последен грабеж. Во престрелката еден полицаец загинал, а еден бил повреден, пред да биде убиен Роман, главата на бандитското семејство.

(текст :tocka.com.mk)

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment