MKDNews.com

Русија ќе ја поддржи Сирија при евентуален воен напад (видео)

септември 06
20:33 2013

Русија ќе продолжи да ја поддржува Сирија , дури и ако таму започнат воени дејствија .
Тоа го најави рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по средбата на Г- 20 во Санкт Петербург .
Претседателот на Руската Федерација смета дека евентуална дестабилизација на Блискиот Исток би била контрапродуктивна . Тој објави дека неговата земја ќе продолжи да обезбедува оружје на режимот во Дамаск .
Според Путин , разговорите во рамките на форумот поминаа ” добро “и дури имал средба во четири очи со американскиот колега Барак Обама . На неа двајцата не се договориле за прашањето за Сирија , пренесе ББС.
” Тој не се согласува со мене и јас не се согласувам со него . Но ке се чуеме ” , рече Путин . Според него имало опција проблемот со Дамаск да биде решен мирно .
САД , Турција , Канада , Франција , Велика Британија и Саудиска Арабија се изјаснија за поддршка на нападоте на Сирија за време на форумот на Г-20 . Против војната се генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и папата Францис .
Претседателот на САД Барак Обама најави дека ќе се обрати до нацијата на 10- ти септември .
Тоа е ден по седницата на Конгресот за евентуален воен напад во Сирија . Тој ја повтори својата теза дека употребата на хемиско оружје од Сирија е закана за меѓународниот мир . За да се почитува забраната за нивно користење , е потребен одговор од меѓународната заедница , додаде тој.
Стана јасно уште дека САД не се откажале од воена интервенција .

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.