MKDNews.com

“Роман Полански ме силуваше во куќата на Џек Николсон”

септември 18
23:15 2013

Саманта Гејмер Жената која сексуално била злоставувана од режисерот Роман Полански пред 36 години, кога имала само 13 години, ги објавила своите мемоари со коментар дека дојде време да го „преземе водството над својата приказна“. Книгата „Девојче: Живот поминат во сенка на Роман Полански“ ја напиша Саманта Гејмер, која сега има 50 години, со помош на адвокатот и во истата изнесува детален опис на настаните од 10-ти март 1977 година за кои Полански е обвинет по шест точки вклучувајќи и педофилија, пред да ја прифати спогодбата. 

Во книгата Гејмер опишува како Полански, кој побегна од САД пред изрекување на пресудата, побарај од нејзе да му позира, ја опивал со шампањско и дрога, а потоа сексуално ја злоставувал во холивудскиот дом на Џек Николсон. 

Гејмер, која сега има три деца, тврди дека не чувствува омраза кон Полански. „Моето семејство никогаш не побара тој да биде казнет. Само сакавме правната машинерија да запре“, вели таа. Во книгата има црно- бели фотографии кои ги снимил Полански и кратко писмо кое и’ го испратил во 2009 година и во кое наведува дека му е жал што толку многу и’ го променил животот.

image

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.