MKDNews.com

Родман се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун

септември 07
06:20 2013

Контроверзниот американски кошаркар Денис Родман, кој во вторникот по вторпат годинава ја посети можеби најзатворената држава на светот, комунистичка Северна Кореја каде што во петокот се сретнал со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ил, познат по неговата страст по кошарката, пренесуваат агенциите повикувајќи се на тамошните медиуми.

Родман првпат допатува во Северна Кореја во почетокот на март годинава кога снимаше промотивен спот и се сретна со младиот севернокорејски водач. Ким Јонг-Ил оставил толку силен впечаток кај петкратниот носител на шампионски прстен од најсилната кошаркарска лига во светот американската професионална лига NBA, што беше набркан од еден њујоршки хотел поради пофалбите за севернокорејскиот лидер. Родман, по посетата на Пјонгјанг, неколкупати повтори дека американскиот претседател Барак Обама треба лично да му се јави на Ким Јонг-Ил за да се затоплат односите меѓу двете земји меѓу коишто пролетва имаше големи тензии и закана од севернокорејската страна за нуклеарен напад врз САД. И покрај, големиот медиумски публицитет, Вашингтон повеќепати соопшти дека посетите на Родман се исклучително од лична природа.

Како што објави официјалната севернокорејска новинска агенција КCNA, Ким Јонг-Ун со Родман имал „срдечен разговор” и го поканил спортистот да го посетува Пјонгјанг „кога и да посака”. Притоа Родман и Ким биле на кошаркарски натпревар на отворањето на кошаркарската лига, по кој заминале на заеднички ручек.

Пред патот Родман вети дека во текот на неговата втора посета на Северна Кореја ќе се обиде да издејствува ослободување на американскиот државјанин со корејско потекло Кенет Би, осуден во оваа земја на 15 години тешка работа во работен логор, меѓутоа непосредно пред патувањето на аеродромот во Пекинг кошаркарот изјави дека нема да зборува за Би со Ким Јонг-Ун.

Кенет Би беше осуден на почетокот на мај под обвинение за подготвување заговор за државен удар во Северна Кореја. Овој 44-годишен Кореец по име Ви Чунг-Хо, на 3-ти ноември допатувал во Северна Кореја со туристичка група./

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment