MKDNews.com

Распишана потерница по новинарот Божиновски

септември 21
19:13 2013

МВР на барање на Судот распиша меѓународна потерница за тројцата осомничени во случајот Шпион, дознава Пресс24 од полициски извори. На сите тројца Истражниот судија им одреди мерка притвор во отсуство.Меѓу нив е и уредникот на порталот Буревесник, Зоран Божиновски. Тој преку социјалните мрежи рече дека нема сам да се предаде и дека ќе чека да биде екстрадиран од земјата во која се наоѓа.

Ако судот реши да распише по мене меѓународна потерница, ќе мора низ процес на екстрадиција да ме бара од државата која ќе ме уапси, напиша новинарот на Фејсбук.

Цели архиви со податоци за новинари се пронајдени кај осомничените во аферата Шпион.Сител од извори во истрагата дознава дека новинарите од речиси сите медиуми биле интересни за групата која главно продавала државни тајни на странски служби но им се заканувала и на видни личности во земајав со доверливи информации до кои тие дошле.Новинарите биле класифицирани во две групи- блиски до опозицијата и блиски до власта а потоа поделени според медиумот во кој работат.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.