MKDNews.com

Ракометарката Радуловиќ го напуштила Јохан заради насилство ?!

септември 22
10:33 2013

Јохан Тарчуловски кој е од скопско Љубанци во младоста бил член и водач на навивачката група на Вардар, Комити, и неколку години беше лично обезбедување на претседателот Трајковски. Злочинот во Љуботен за кој Хаг го осуди е од времето кога бил обезбедувач на шефот на државата. Не долго потоа, по завршување на конфликтот тој беше тргнат од кабинетот на Трајковски а неофицијалното образложение беше дека покојниот претседател го направил тоа по препорака на моќна држава која му доставила податоци дека тоа што го правел ќе го однесе во Хаг.

johan-tarculovski-540x325 Во времето кога беше телохранител, Јохан се ожени со многу популарната Валентина Радуловиќ, ракометарка на тогаш европскиот првак Кометал на Трифун Костовски. Овој брак траеше кратко а Радуловиќ направи трансфер и замина во Австрија.
Сепак, луѓе блиски на тогашниот брачен пар Тарчуловски-Радуловиќ велат дека наводно вистинската причина за разводот била насилството, односно физичкото малтретирање од страна на Јохан.

– Валентина практично побегна за да нема контакти со него и да не биде секогаш под неговата пресија и материјално искористување – вели еден близок пријател на Радуловиќ.

radulovic-johan

Јохан ја започна врската со пејачката Соња пред апсењето и носењето во Хаг. Во бракот со неа има ќеркичка и синче кое му се роди додека беше во затвор. Минатата недела некои од медиумите објавија слики од црковно венчавање на Соња и Јохан во манастирот Бигорски, а на венчавката облечени како момче и невеста беа и нивните две деца.
Уште од времето кога Јохан беше во Хаг владата ја вработи Соња Тарчуловска како советник на премиерот. Двајцата, откако тој се врати од Хаг пренагласено преку медиумите ја покажуваа љубовта што е меѓу нив.

johan-svadba

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment