MKDNews.com

ОБНОВЕНО :12 мртви , двајца осомничени во бегство во пукотниците во Вашингтон (видео во живо)

септември 16
16:06 2013

[23:03]

Расте бројот на загинатите во Воената морнарица во Вашингтон

[20:16]
Најмалку 12 луѓе се убиен од кои еден е напаѓачот додека двајца други одомничени се во бегство ,изјави градоначалникот на Вашингтон.

[18:01]
Пентагон потврди дека пукотницата во Морнаричкиот комплекс однела животи.

Најмалку четири лица се убиени денеска во вооружен напад врз седиштето на американската Воена морнарица во јужниот дел на Вашингтон, соопшти локланта полиција.

Според непотврдени информации, можно е да се работело за организиран напад во кој учествувале двајца или тројца напаѓачи.

[17:05]

NBC News јавува најмалку четири лица се увиени ,а повредени се најмалку шест или повеќе.

[16:30]

Наводно има 10 жртви по пукотниците вели за CNN официјален претставник на полицијата во Вашингтон.

[16:06]
Од морнарицата на САД велат дека неколку лица се повредени по пукотници во воена база во зграда на морнарицата во Вашингтон . Полицијата и итни екипи се собраа во понеделникот наутро надвор пред базата на морнарицата

Три куршуми биле испалени во област каде околу 3.000 луѓе работат во таа зграда. На луѓето во внатрешноста на зградата им било кажано да останат ватре , полицијата сеуште трага по натрапникот.

Непознат сторител отворил оган во зградата на Командата на поморскиот систем (Naval Sea System Command) која се наоѓа во рамките на поранешното бродоградилиште.

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО ПОДОЛУ

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.