Протести пред белата куќа по говорот на Обама за Сирија (видео)
Во вторникот доцна вечер Американскиот председател се обрати на нацијата и по завршувањето на говорот на председателот Барак Обама пред нацијата ,со цел да ја убеди јавноста дека воен напад на Сирија е во нациолна интерес на САД , се собраа околу стотина протестираа по повод можен напад.
Американскиот претседател Барак Обама вели дека се воздржувал од армиска интервенција во Сирија за време на првите две години од судирот затоа што „не можеме да решиме граѓанска војна на некој друг преку сила“. Во обраќањето до нацијата доцна вечерта вторникот по американско време, тој ги наведе примерите на Ирак и Авганистан за да го поддржи таквиот став. Но, кажа и дека ситуацијата се променила по 21-ви август годинава кога силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад со гас убија стотици лица, меѓу нив и деца.
Таа ужасна ноќ, рече Обама, светот во грозни детали виде зошто огромно мнозинство на луѓе го забранија хемиското оружје.Претседателот на САД беше дециден дека е во интерес на американската национална безбедност да се одговори на сириската употреба на хемиско оружје со армиски напад со точно определни цели. Никој не спори дека на 21-ви август во близината на Дамаск било употребено хемиско оружје, кажа Обама, како и дека несомнено за тоа е одговорна владата на Асад.Тој смета дека ако САД не реагираат, може повторно да биде употребено хемиско оружје, како и други тирани и терористи да дојдат до него и да го употребат врз цивили и американски војници. Ја опиша целта на американскиот напад како деградирање на способноста на Асад повторно да го употреби оружјето.
Претходно во текот на денот, Обама побара од Конгресот да го одложи гласањето за армиска акција, откако сириската влада соопшти дека би се откажала од хемиското оружје и дека би потпишала меѓународен договор против него. Сирија индицираше и дека би се согласила на рускиот план нејзиното хемиско оружје да се стави под меѓународна контрола и потоа да се уништи. Американскиот државен секретар Џон Кери најави дека владата во детали ќе го разгледа рускиот план. Кери на оваа тема во четврток треба да се сретне со рускиот колега Сергеј Лавров во Женева.
Поглерднете го целиот говор на Американскиот претседател Барак Обама
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment