Пронајдено мртвото тело на исчезнатиот скопјанец во браната “Св. Петка”
септември 01
20:02
2013
Вчера кај браната „Св.Петка“ во Кисела Вода, односно 250 метри после браната е забележано човечко тело како плови во водата, по што истото е пријавено во полициската станица Кисела Вода.
Од страна на екипа од ЕСЗ, телото е извадено од вода и се работи за осумдесет годишниот Крсте К. од Скопје, кој бил пријавен како исчезнато лице.
По наредба на истражен судија, телото на починатиот е дадено за обдукција
80 годишниот скопјанец Крстев Крсте исчезнал во четвртокот наутро. Тој последен пат бил виден во Автокоманда.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment