MKDNews.com

Пронајдена е 6 годишната Александра ,2 години ја криеа од мајка и

септември 05
15:09 2013

По 2 години откако била одземена од нејзината мајка, 6 годишната Александра е пронајдена во такси во Маврово, со нејзината баба.Полицијата ја пронајде малечката Александра Бошњаковска во Маврово.

Откако прво ја барале во реонот на Македоснки брод, околу 22часот и 30 минути полициска патрола кај Маврови Анови сопрела такси возилото во кое се првезувала Александра со нејзината баба. Девојчето било предадено на Центарот за социјални работи велат од МВР.

Полицијата вчера поднесе кривични пријава за две кривични дела – одземање малолетник и запуштање и малтретирање на малолетно лице против таткото, дедото, бабата и чичкото на Александра.

Од кривичниот суд потврдуваат дека им е одредена мерка 30 дена притвор на дедото, пензиониран врховен судија Александра Бошњаковски и таткото Стефан Бошњаковски, кој засега е недостапен и мерката ќе му биде активирана по неговото пронаоѓање.

За нив двајца од претходно има подигнато обвинение и следната недела ќе започне судски процес. Од судот потврдуваат дека со обвинението имало преквалификација на делото – со првичната пријава се товарат за кривично дело одземање малолетник став 1 (дека го одзеле и криеле на непознато место) но со обвинението делото е преквалификувано во став два кој е построг бидејќи во него се зема предвид и доколку на малолетното лице му е загрозено воспитувањето и школувањето. Став еден од овој член предвидува парична казна или затвор до 3 месеци а став два од 3 месеци до 3 години затвор.

Девојчето е цели две години разделено од својата мајка откако насилно и било одземено. И покрај судското извршено решение со кое старателството и припаѓа на мајката таа била спречувана да ја добие назад својата ќерка.

Во полицискиот билтен за овој случај МВР ги соопштува следните детали:

На 04.09.2013 година околу 22,30 часот, кај населено место Маврови Анови припадници на МВР го пронајдоа малолетното 6 годишно девојче по кое се трагаше. Инаку МВР во врска со овој настан веќе поднесе кривична пријава против С.Б.(41), А.Б.(66), С.Б.(64) и М.Б.(38), сите од Скопје за сторени две кривични дела „одземање на малолетник“ и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“. Во јули 2011 година, додека Т.Б., инаку поранешна сопруга на С.Б. била во Р Србија со нивната малолетна ќерка, дошле таткото на С.Б., А.Б. и неговиот брат М.Б. и со употреба на физичка сила и закана по живот ја одзеле нејзината малолетна ќерка и ја донеле во Р Македонија. По ова, мајката на С.Б., заедно со останатите членови го криеле девојчето на различни локации во Скопје, постапувајќи спротивно на правосилната судска пресуда со која девојчето и било доделено на Т.Б. Имено, по добиениените информации дека малолетното дете се наоѓа на подрачје на Македонски Брод, по превземени мерки и активности, околу 22.30 ч. од страна на полициските патроли кај населеното место Маврови Анови сопрено е такси возилото во коешто биле малолетното дете и неговата баба С.Б. за кои претходно се распишани потерници за пронаоѓање на лица .

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.