Пронајден е женски труп кај Панорама, можно да е Французинката Валери
септември 09
08:06
2013
Во близина на шумата до кичевскиот хотел Панорама попладнево е пронајден женски труп во распаѓање. Полицијата ја потврдува оваа информација, но евентуални детали за идентитетот на телото најавува за денес.
Постојат сомневања дека починатата можно да е исчезнатата Французинка Валери. Таа на 25 јули беше пријавена од нејзиниот сопруг од Кичево дека е изгубена.
Пред неколку дена сопругот на Валери понуди парична награда од 5.000 евра за каква било информација за неговата сопруга.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment