MKDNews.com

Притвор за ”шпионите”, политичари им биле соработници

септември 18
21:46 2013

Најголем дел од осомничените во акцијата Шпион, пред истражен судија дале искази, а малкумина го искористиле правото да се бранат со молчење. 16-тмина добила притвор од 30 дена, на еден од осомничените поради лоша здравствена состојба му е одредена мерка домашен притвор.

За останатите тројца, за кои истот така им е одреден притвор во отсуство, а се во бегство е распишана потерница.На кој начин и како се бранеле, што кажале пред истражен судија, адвокатите не откриваат. Велат дека истражната постапка била коректна.Судот денеска ја објави листата кој за што ќе одговара. Првоосомничениот, кој всушност бил и креаторот на параразузнавачката агенција, Марјан Ефремов се тереити за Злосторничко здружување, шпионажа, измама и уцена.

Делото злосторничко здружување им се става на терет на сите осомничени.Шпионажата како кривично дело е дел од обвинението за нејголем дел од осомничените. Од позвучните имиња, како на пример шефот на кабинетот на претседателот на Собранието, Марјан Маџоски, покрај за слосторничко здружување, ќе одговара и за Уцена.

Екс директорот на управата за перење пари, Ване Цветанов се сомничи и за шпионажа. Кривичното дело изнуда е дел од обвинението за генералот Горан Стојков.Судот, поради доверливоста на дел матерјалите, истражниот процес се води зад затворени врати.Дел од медиумите повикувајќи се на неофицијални информации објавија дека групата осомничени честопати била во комуникација со еден екс министер за надворешни и лидер на една политичка партија.

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment